Таста се разделува со Прилеп

Горан Кузманоски Таста, на крајот на сезоната ќе замине од кормилото на екипата на Прилеп. 


Првите тренерски чекори - изодени. Пристисокот и вештината да се води екипа од клупата и во добро и во лошо, совладани. Колку што е тоа за овој период и овој клуб можно. 
Горан Кузманоски Таста, по две години во матичниот Прилеп се разделува со екипата и ќе бара нов предизвик, клубот пак ќе бара нов тренер за истиот предизвик со кој Таста се бореше минативе две години. 

Не му ја „мислиме“ за иднината на Таста. Млад., амбициозен тренер со богато играчко искуство и контакти во повеќе земји, сигурно ќе се најде нешто опипливо и како предизвик и финансиски. 
Интересно е што неколку наши тренери годинава менуваат. 
Раде Стојановиќ заминува од Охрид, Петар Ангелов заминува од Вардар (Н), Тинекс Пролет е клуб каде што речиси сигурно ќе видиме ново лице на клупата, потоа Е. Пелистер го испрати Бабиќ, а еден од кандидатите (ако се решат за домашен тренер) е и Ацо Јовиќ кој можеби ќе доживее промоција... 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk