Португалски бек и руски пивот. Вакви комбинации во тимот ќе имаат и Вардар и Еурофарм Пелистер следната сезона.
Павел Андреев, пикерот на Чеховски медведи треба да биде ново засилување во редовите на Вардар, објави gol.mk, а информацијата, се прошири низ европските медиуми во исчекување клубот да потврди или да демантира.
Павел Андреев е играч на Чеховски медведи, клуб што е под санкции на ЕХФ и нема да се натпреварува во Европа следната сезона. Има полни 30 години, висок е 194 см (според рускиот клуб). Неговата кариера је одблежана главно со играње за „мечките“.
Вардар и Е: Пелистер по овој трансфер стануваат уште послични. Двата клуба имаат еден португалски бек и еден руски пивот. Вардар ги има Дуарте и Андреев, Е. Пелистер ги има Дејвис и Василев. Можно е и двата клуба да имаат и шпански тренер.
На хартија досега, позвучен е скопскиот тим, но има уште многу време до финалното комплетирање на ростерите.