Џаба вам новци...

ПСЖ ќе доживее втора реконструкција на тимот, веројатно потроши околу 100 милиони евра досега, а шапион на Европа не стана. 




Го имаај најскапиот тим, највисокиот играч, најнискиот играч, најбрзиот играч, најтрофејниот, потоа најпознатиот, најпопуларниот, го имаа и најдобриот голман, најдобриот дефанзивец... Се имаат само едно не. Шампионскиот пехар од ЕХФ Лигата на шампионите. 
ПСЖ од доаѓањето на Катарците веројатно има потрошено повеќе од 100.000.000 евра, а не само што нема пехар, туку годинава нема да игра ниту на Фајнал фор. 
Вчера Кил победи минимално 33-32 и се пласираше на „Ф4“, Париз ќе се пребројува, реконструира. 

Одамна низ ракометните кулоари се зборува дека Раул го нема потребниот авторитет за да ги води Микел Хансен и Никола Карабатиќ. Се обидува Шпанецот да вопостави систем како во Вардар, но тоа не оди таму така. Дури ни Криштопанс кој го одведе Вардар до втората титула, таму речиси ништо да не игра. Хансен стана пеналџија, Карабатиќ нешто повреден, нешто вон форма, па Лук Стаинс, Камил Шипжак и Елом Пранди на крајот станаа главните играчи. 

Згора не се, Недим Ремили, Микел Хансен и Винсен Жерар заминуваат од клубот летово. Пред нив, без титула заминаа и Омејер, Нарсис, Морос... долг е списокот на заминати со празни раце. 

Следната сезона ќе гледаме нов ПСЖ, а прашањето за милион долари е до кога Катарците ќе даваат толку пари и уште колку се спремни за чекање на првиот пехар. 
Подвлечено, не важно колку пари и кои играчи се во екипата, ако тимот не е тим. Или уште поубаво има испеано Балашевиќ - Џаба вам новци...

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk