Кадетските репрезентативци на Македонија, сите во дресот со бројот девет и испишано Божиновски на грбот и кадетскиот шампион Бутел Скопје, играат ревијален меч, полн со емоции во чест на починатиот ракометар на Бутел Скопје, Марко Божиновски.
Ракометната федерација на Македонија му оддаде почит на починатиот млад ракометар и во негова чест ја собра кадетската репрезентација кој игра против неговиот клуб Бутел Скопје во предигра на финалните натпревари на Купот на Македонија.
Пред почетокот на натпреварот претседателот на РФМ, Живко Мукаетов им врачи врамен дрес на родителите на Марко Божиновски.
Попладнево од 17:00 часот во финалето на Куп на Македонија во женска конкуренција се среќават екипите на Металург и Ѓорче, а два и пол часа подоцна во финалето на машкиот Куп ќе играат Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер.