Јуниор Кисела Вода со пресврт во последните минути го совлада тимот на Вардар Неготино и со тоа ги одржа во живот надежите на Аеродром за пласман во Супер лига.
Јуниор КВ беше минус од четири гола на полувреме (15-19), па водеше два разлика во финишот (26-24), па одново беше во минус (28-29), пред да го реши победникот со серија од 3-0 за конечни 31-29 на дуелот со Вардар Неготино.
Со оваа победа, Јуниор стави печат и теоретски обезбеди место во Супер лига, а Вардар Неготино откако изненадувачки славеше над Голден Арт, не успеа да направи второ изненадување во две кола.
Од победата на Јуниор Кисела Вода покрај нормално победникот и новиот суперлигаш, најмногу можат да бидат задоволни екипите на Аеродром и Куманово.
Тие сега теоретски остануваат во игра за директен пласман во Супер лигата, а се ќе биде решено во следното коло во кое Аеродром му гостува на Вардар Неготино.