Металург го изненади Куманово и ќе игра во финале

Стариот волк Крсто Петрушевски и малата лисица Јилијана Дамчевска, го одведоа Металург во финалето на македонскиот Куп во женска конкуренција. 

ЖРК Куманово – ЖРК Металург 21:25 (12:10)
Судии: Адријана Здравковска и Сања Божиновска. Делегат: Цанe Куртовиќ
ЖРК Куманово: Живковска, Димитријевска, Ивановска 1, Алмеида 2, Боризоска, Цветановска, Јовановска, Нолевска 6, Димитровска, Зечевиќ 2, Митровиќ, Кипријановска 9, Граматова, Џакмиќ 1, Богојеска.
Седмерци: 4/5. Исклучувања: 8 минути.
ЖРК Металург: Илјаз, Тодоров, Ѓошевска, Гугуљанова 2, Петреска, Трајковиќ 3, Ивановска, Христоска, Коловска 2, Арсениевска 1, Младеновска 10, Т. Темелковска, М.Темелковска, Божиновска 7, Нестороска. Седмерци: 1/2. Исклучувања: 8 минути.
.




Металург приреди изненадување и го елиминираше фаворизираниот тим на Куманово од битката за освојување на Куп трофејот. 
Металург го совлада Куманово 25-21 (10-12) во меч во кој кумановскиот состав имаше резултатска контрола во првото и дел од второто полувреме. Куманово водеше 18-14 кога почна нивната „пропаст“. 
Металург со серија од 4-0 го израмни резултатот и патем доби самодоверба и крилја дека можат и да го добијат овој натпревар.

Куманово водено од репрезентативката Јована Кипријановска која постигна девет гола на оваа средба имаше уште краток период јалов контрола врз резултатот, но од резултат 18-19, Металург со серија од 5-0 стигна до 23-19. Куманово постигна два гола по ред за 21-23, но тоа беше нивниот резултатски максимум на овој натпревар.

Ива Младеновска со 10 гола за Металург и уште една леворака ракометарка Јована Кипријановска со девет гола за Куманово беа најефикасните играчи на овој натпревар. 

Металург утре во финалето на Куп на Македонија ќе игра со подобриот од дуелот Чаир и Ѓорче што се игра денеска. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk