Вардар и Е. Пелистер закажаа финале

Последната годинешна пресметка меѓу Е. Пелистер и Вардар е закажана за утре, во финалето на Фајнал Фор турнирот во Куп на Македонија.



Вардар го совлада тимот на Е. Пелистер 2 (28-24), а Е. Пелистер беше подобар од Бутел Скопје (26-21) и утре во финалето на Куп на Македонија потворно ќе гледаме дуел меѓу скопскиот и битолскиот клуб. 

Кавадарци, како некогаш, ќе има шанса да види и Комити и Чкембари и се надеваме квалитетен, врвен ракомет, најдоброто што најдобрите во моментов клубови можат да го прикажат на теренот. 

Вардар ја доби сезонава најважната битка со битолчани, ќе ја освои шампионската титула, а со тоа и пехарот од Куп на Македонија добива поголема тежина за битолската екипа. Но, двојната круна, што за Вардар е многу важна како потврда за доминацијата во домашниот ракомет ќе биде и црвено-црн императив. 

Почетокот на овој натпревар е закажан за 19:30 часот, а ќе му претходи финалето на женскиот Куп и ревијалниот меч што ќе го играат Бутел Скопје и кадетската репрезнтација на Македонија. 

foto: Denis Dukovski/rkvardar.mk
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk