Лисабон ќе биде домаќин на „Ф4'

Павиљао Атлантико или Алчиси Арена во Лисабон ќе биде домаќин на Фајнал фор турнирот во Европската лига што ќе се игра викендот 28-29 мај.


ЕХФ успеа да го удоми Фајнал фор турнирот на Европската лига во Лисабон, оваа година. За разлика од ЛШ, каде што Келн и Будимпешта имаат подолгорчни договори, во Европската лига „продажбата“ е од денеска за утре. Плоцк беше еден од конкурентите, но кога покрај спортскиот го додадоа и економскиот момент, Полјаците се откажаа затоа што организаторот речиси и да нема маркетиншки права, туку се оди преку сметката на ЕХФ маркетинг. 

Лисабон односно Бенфика годинава се надева на прв европски трофеј со што би им се приклучила на Спортинг и Брага кои имаат веќе победено во Европа. 

Алтиче Арена има капацитет од 12.500 гледачи и е историска за... Хрватска! 

Нексе како еден од учесниците на овој Фајнал фор ќе игра во историска арена за хрватскиот спорт и ракомет затоа што во оваа сала во 2003 година Хрватска беше крунисана за светски шампион и ја почна својата ера или жетва на златни медали под водство на Лино Червар. 

На фајнал фор турнирот во полуфиналето ќе се сретнат
Бенфика - Висла Плоцк
Магдебург - Нексе
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk