Уште еден (нереален) пораз од Норвешка

НОРВЕШКА - МАКЕДОНИЈА  32-27 (14-14)
Македонија: Мицевска (5 одб), Саздовска 3, Јанеска 4, Штериова 1, Ристовска 4, Стојковска 2, Дабевска 5, Гичевска 4, Џатевска 3, Дукоска, Кипријановска 1, Миновска, Седлоска, Коловска, Коцева, Серафимова




Македонија денеска е поразена од селекцијата на Норвешка 27-32, на гостувањето во Бекестуа. ЕХФ Еуро Куп со овој меч заврши за двете селекции, а Норвешка е прва, додека нашата селекција е последна во конкуренцијата уште со Црна Гора и Словенија. 

Македонија загуби со пет гола разлика од резервниот состав на Норвешка, што слично како и во Скопје е нереално висок пораз и македонските репрезентативки повторно можат да жалат што не ја завршија средбата со подобар резултат. 

Не знаеме дали или кога повторно ќе имаме шанса ова да го кажеме - Македонија беше подобар противник од Норвешка во првиот дел. Домашните првои поведоа, но по десетина минути Македонија израмни (5-5), а потоа и поведе (8-6) и водеше речиси до крајот на полувремето (11-9, 14-13), кога Норвешка, сепак, успеа да израмни (14-14). 

Во вториот дел, на почетокот, од 33 до 39 минута, Норвешка од 16-16, стигна до 21-17, серија од 5-1 и се најде во многу покомотна позиција. Македонија во еден момент успеа да намали на 22-24, односно два гола разлика, но веднаш следеше серија од 3-0 и домашниот тим и разликата од 4-5 гола, се одржа до крајот. 
Средбата како и таа во Скопје беше заокружена со проектил на Кипријановска за конечни 27-32. 

Дабевска со пет гола беше најефикасна во нашиот тим. Гичевска, Ристовска и Јанеска постигнаа по четири, стрелци на три гола беа Саздовска и Џатевска, два гола постигна Симона Стојковска која организаторот ја прогласи за играч на мечот од нашиот тим, а по еден гол постигнаа Кипријановска и Штериова Зад името на голманот Јована Мицевска на овој меч останаа запишани пет одбрани. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk