Савевски: Задоволен сум, но мораме повеќе и подобро

Женската репрезентација на Македонија одигра коректно против изменетиот тим на Норвешка, репрезентација што е актуелен светски и европски првак и најуспешен ракометен колектив во историјата на овој спорт. 




„Начелно сум задоволен од тоа што девојките го прикажаа на натпреварот со Норвешка. Убаво е да се види кога играчите се трудат, даваат и повеќе од тоа што можат и се жртвуваат на теренот. Резултатот 18-24 е да не бидам погрешно разбран, во ред, ракометен резултат е тоа, не примивме премногу голови, 24 гола од Норвешка е коректно. Можевме и подобро, но направивме повторно премногу грешки. Не ги сметам овде промашените зицери, тоа е дел од играта. Зборувам за топки фрлени во аут, за нерешителност кога е пасивна игра итн. Истото беше и со Словенија, а тоа се должи на пад на концентрација. Немаме доволно добра ротација за да ги одмориме играчите во текот на натпреварот, а тоа да не се примети во играта. Ни недостасуваат неколку играчи, па кога ќе имаме комплетен ростер би требало да бидеме и подобри“, вели селекторот Љубомир Савевски. 

Женската сениорска репрезентација на Македонија е на прагот да излезе од тој маѓепсан круг во кој влезе по Европското првенство во 2012 во Србија и да фати континуитет на настап на големи натпреварувања. 

Во женскиот ракомет ЕП се уште се игра со 16 репрезентации и во тоа друштво е многу тешко да се влезе. Добрата вест е што системот се менува по ЕП во Макеоднија/Словенија/Црна Гора и ЕП ќе се игра со 24 репрезентации, а со тоа и патот низ квалификациите ќе биде многу полесен. 

Тоа што Македонија е домаќин на следното ЕП, значи дека по автоматизам со учеството, во баражот за пласман на следниот мундијал што во 2023 ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка, ќе бидеме во првиот шешир.
Така е вообичаено кога на ЕП има 16 репрезентации, а мундијалот е да потсетиме со 32 учесници. Со малку среќа во ждрепката би можеле и на СП, а таму ќе има многу екипи посебно неевропски што би можеле лесно да ги добиеме и да имаме и повидна улога. 
Патот кон враќање на дамите на големата сцена е отворен и трасиран, но нема да биде без предизвици. Во секој случај, шансите да играме на ЕП или СП се многу поголеми отколку што беа досега. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk