Кипријановска се сели во Франција

Јована Кипријановска, македонската репрезентативка, заминува од екипата на Куманово и следната сезона ќе настапува за клуб од Франција. 



Јована Кипријановска, чија кариера главно е ориентирана во екипата на Куманово, на есен ќе им прв меѓународен предизвик. 
20 годишниот десен бек се договори за трансфер во францускиот клуб Авенсоа. Тоа е екипа од Д2, но не е непозната за македонската јавност, затоа што не толку одамна таму тренер беше Иван Марковски. 
Кипријановска има статус на репрезентативка на Македонија, но не е на последните списоци на Љубомир Савевски. Можеби играњето во Франција ќе и помогне одново да се најде во фокусот кај селекторот и да се избори за место во тимот што во ноември на домашен терен ќе игра на Европското првенство. 







 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk