Живко Мукаетов останува на чело на РФМ!

Обраќањето на претседателот на РФМ, Живко Мукаетов на крајот на состанокот на УО беше веројатно најважната точка што денеска беше на дневен ред. 




„Пред неколку месеци најавив заминување од позицијата претседател на РФМ. Највив повлекување од позицијата претседател на РФМ. Девет години се многу, тоа е долг период во кој заедно минувавме низ добри и лоши моменти. Сакам за себе и за сите да кажам дека дававме максимум. Имаше и разочарувања како резултати..

Искрено сметав дека е време за повлекување од функцијата, но по сите овие последни настани, особено во овие два месеци, по сета онаа енергија што повторно ја имаме во ракометот. Од друга страна, обврските кои ни следат и кои се навистина многу големи, организација на ЕП за кое сме се намачиле да го добиеме… после разсговорите со ракометни работници во кои имам доверба и чие мислење го ценаm, сметам дека не е вистински момент за повлекување од функцијата.
Мандатот ми почна од почетокот од минатата година, верувам дека годинава ќе се носиме со сите предизвици заедно, дека јас ќе останам на функцијата заедно со сите вас и да го постигнеме сето она што ни е поставено како цел, додаде успешниот бизнисмен. 

Јас и понатаму стојам на ставот дека има во овој УО луѓе кои можат да ја водат федерацијата, знаеме дека надвор има многу мераклии што сакаат да ја водат федерацијата, но ова не е нималку лесно. Политиката мора да се држи надвор од спортот и од ракометот и наш приоритет мора да биде да продолжиме по успешниот пат по кој се движиме.
Сакам да потврдам дека останувам на челната позиција и продолжуваме да го развиваме и да градиме подобри резултати во македонскиот ракомет.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk