Македонија ќе организира женски кадетски мундијал

Светското првенство во женска кадетска конкуренција, планирано да се одржи во Грузија во јули - ќе се одржи во Македонија. 



Женската кадетска репрезентација ќе ја има улогата на домаќин на Светското првенство што во јули ќе се одржи. 
Грузија требаше да биде домаќин на овој мундијал, но тие не се во можност, па РФМ и ИХФ договараат и практично договорија преземање на организацијата на овој мундијал.

Се очекува деновиве и официјално да биде потврдено дека Македонија ќе биде организатор, а претседателот на РФМ, Живо Мукаетов повика на мобилизација во организацијата и што подобро претставување на Македонија и како организатор и како натпреварувач.