„Ф4“ на Куп во Кавадарци, ревијален меч во чест на Марко Божиновски

Завршницата на Купот на Македонија ќе се игра во Кавадарци. На денешниот состанок на УО на РФМ беше усвоен предлогот.



Четирите учесници во машка конкуренција, Вардар, Бутел Скопје, Е. Пелистер 1 и Е. Пелистер 2, ќе се сретнат во битката за првиот пехар во Кавадарци. Беше најавено, денеска е усвоено на УО, кон средната на мај, на неутрален терен ќе ги видиме четирите најдобри екипи во ова натпреварување. 

„Низ годините Купот на Македонија сме го организирале во различни градови ширум државата, годинава сме во контакт со раководството на РК Тиквеш и градот Кавадарци, кои имаат голем ентузијазам да бидат домаќини на овој настан. Веруваме дека ова е најдобра опција во моментов“, порача Генералниот секретар Филип Милошевски, по што предлогот беше едногласно изгласан од УО.

Пред одигрувањето на финалето, ќе се одржи и ревијален натпревар во кадетска конкуренција. Во чест на Марко Божиновски, младиот ракометар на Бутел кој прерано не напушти, ќе се сретнат кадетите на Бутел Скопје, инаку нови државни прваци и кадетска репрезентација составена од ракометати од другите клубови. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk