УО на РФМ: Промени во млади категории, 10 играчи во записник, помалку групи...

Денеска се одржува онлајн состанок на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија. 



Во тек е состанок н Управниот одбор на РФМ на кој се дискутира за промените и изгледот на натпреварувањата во следната сезона. Промени има во сите категории, а први на кои УО посвти внимание се младинските. 

Сите екипи што ќе се натпреваруваат во Супер лигата следната сезона ќе мора да имаат пионерски екипи и уште една екипа во кадетска или јуниорска конкуренција по избор. 
Еден играч, притоа ќе може да биде пријавен во само две категории. На пример во сениорска како примарна и во младинска или кадетска категорија, но не и во двете. Ова е за да се заштитат играчите кои се пријавени во сите категории и им се удвојуваат или утројуваат натпреварите. 

Следната сезона, екипите ќе мораат да имаат најмалку 10 играчи во записник. Оваа одлука е донесена поради злоупотреба на правилата, па неретко екипите за да заштедат или од други причини играат и со помал број на ракометари. Ако клубот не може да исполни ваков услов, да има 10 играчи во ростер, службено ќе го загуби натпреварот. 

Младинските лиги најверојатно ќе се играат по групи (како и досега), но бројот на групите ќе биде намален. За, за ова ќе се дискутира, откако ќе се види колку екипи ќе бидат пријавени, па врз основ на тоа ќе се донесе финална одлука.
За сето ова во следниот месец и пол ќе бидат консултирани и сите клубови и преку разговори со нив, врз база на сите информации што ќе бидат собрани, ќе биде моделиран предлог. Ќе се води посебно сметка секој клуб да има одреден минимален број на натпревари.

Се израмнуваат возрасните категории, па така следната сезона младинските категории ќе изгледаат вака:
Играчи родени 2008 година и помлади - Пионери
Играчи родени 2006 година и помлади - Кадети
Играчи родени 2004 година и помлади - Младинци

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk