Македонскиот тренер ја освои шампионската титула во Саудиска Арабија.
Данило Брестовац во својата прва сезона како тренер на екипата на Мадар од Саудиска Арабија успеа да го освои шампионскиот пехар.
Брестовац веќе имаше еден пехар во пресрет на шампионатот. Го освои Супер Куп трофејот, а во првенството по завршувањето беше на првото место со ист број бодови како и Ал Калеј. Идентичен скор од (19-2-1), но и гол разлика подобра за 21 гол.
Сепак, беше одлучено да се игра мајсторка и тоа со неутрални судии што ИХФ ги номинираше, а дојдоа од Египет.
И вака и така, Мудар го совлада Ал Калеј на мајсторката и стана нов шампион на Саудиска Арабија.