Двајцата селектори направија мали модификации на екипата во пресрет на вечерашната пресметка.
Добро познато име врати во тимот шпанскиот селектор на Чешка. Пивото Леош Петровски го очекувавме на првиот дуел, но ќе го гледаме на вториот меч.
Тој ќе го заземе местото на Даниел Режнички, исто така играч од линијата.
Во составот на Македонија го очекувавме Мартин Поповски, но нема да го видиме во екипата. Лазаров ќе ја зајакне одбраната со Михајло Младеновиќ во тимот на местото на Марко Митев.
Ова се корекциите на составите за денешниот меч. Натпреварот почнува во 19:00 часот, ќе се игра во Скопје, во „Борис Трајковски“.