Денеска е денот, денеска играме за место на СП!

Вечерва од 19:00 часот во „Борис Трајковски“ во Скопје, ќе се сретнат Македонија и Чешка. Победникот од овој меч ќе оди на СП. 




Македонија верчва игра финална битка за пласман на СП. Не е ова натпревар што сме го добиле на тацна, за да се дојде до оваа позиција е напорно работено најмалку два месеца, а и тие се само продоложение на претходно сработено и одиграно. 
Толкаво количество на вложен труд, одрекување, напори и умешност треба да даде резултат. Треба да даде финален резултат, а тоа е победа и пласма на СП. 

Драстично се сменија работите во последните четири дена. Чешка од фаворит стана тим што се радуваше на реми. Македонија од екипа што треба да го запре првиот налет, е екипа што мора да го искористи својот прв налет кон противничкиот гол. 

Сега трибините се на нашата страна, резултатот е егал, внимателно ќе следиме и како ќе се однесува судиската двојка. Чесите си го добија својот дел на домашен терен од турскиот пар, Португалците ќе видиме како ќе ја водат средбата вечерва. 

Ова е последниот репрезентативен меч на Кирил Лазаров, живата легенда на македонскиот спорт. Последен е и за Филип Миркуловски, синоним за борбеност и скромност. Простување со пласман на СП е идеалното сценарио. 

Би сакале да гледаме меч како во Злин, но веројатно нема да биде така. Екипите сега подобро се познаваат. Сабате изјави дека не бил изненаден од играта на Македонија. Тоа звучи добро, кога знаел како играме, а сепак беше во минус од седум. Но, сигурно анализирале многу и ќе имаат некои нови моменти во играта. Истото важи и за нашиот тим. Сега подобро ги знаеме и Клима и Пирох и што играат и како играат. 
Последните десетина минути од мечот им даваат надеж на Чесите дека можат исто така и во Скопје. Но, дали Мрква одново ќе биде на ниво како во Чешка и дали нема да прават технички грешки и кога притисокот видливо ќе биде на нивната страна? 

Очекуваме спектакл во Скопје. Очекуваме пласман на СП, но овие 60 минути што се пред нас ќе бидат тешки. Видовме вчера една мачна средба во Крагуевац, а домашните имаа и плус три пред да почне мечот. Не би сакале Чешка да дојде во момент да може да размислува за победа.
 
Денеска е денот. Денеска играме за СП, за Лаззаров, за Миркуловски за иднината на македонската репрезентација. Се спакувано во пакетче од 60 минути.

Натпреварот почнува во 19:00 часот. Вратите на салата ќе бидат отворени од 17:30

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk