Репрезентациите на Србија, Унгарија и Исланд обезбедија пласман на СП по вечерашните реванш натпревари од Бараж 2. Очекуваме вечерва и Германија да го потврди пласманот.

Србија ја совлада Словенија (23-20) и го потврди пласманот на СП, но резултатот може да даде лажна слика за настаните на теренот во Крагуевац.
Србија пред три дена славеше во Целје (34-31) и се очекуваше лесно да мине и на домашен терен, но не беше така. Словенија одигра многу подобар натпревар, држеше висока тензија во преполното „Језеро“ и не беше без шанса. Особено во последните пет минути во кои успеа да поведе и со два гола разлика.
Но, не успеаја, се коцкаа со 7 на 6 и примија неколку лесни гола, по што дефинитивно им пропаднаа сите шанси за пласман на мундијалот.
Србија водеше во најголемиот дел од средбата, но главно тоа беше со гол до два разлика. Словенија беше опасна во вториот дел, неколкупати напаѓаше за водство, за конечно да поведе по 5 минута. Имаа во два наврата и плус два Словенците и видлива беше нервозата во преполната сала. Но, на крајот Србија успеа да се извлече од кризата и да направи пресврт.
Дејан Милосављев, поранешниот голман на Вардар е јунакот на натпреварот. Милосављев запиша 16 интервенции, но добар дел од нив беа во многи важни моменти, кога Словенија безуспешно се обидуваше да поведе и неколку беа од чисти позиции.
Еден друг играч со назнака вадарец - новото засилување Нејц Цехте, се повреди на почетокот на натпреварот и веќе не влегуваше во игра.
Оваа средба ја судеше македонската судиска своја Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Донесоа неколку тешки одлуки, особено во финишот натпреварот.