Македонската сениорска репрезентација во среда во чешкиот град Злин ќе го игра првиот натпревар од Бараж 2 за пласман на СП 2023 во Шведска и Полска.
Попладнево во Александар Палас во Скопје е закажан првиот собир на македонската сениорска репрезентација и со тоа ќе стартува финалната фаза од квалификациите за СП 2023.
Македонија по настапот на ЕП Унгарија се најде во вториот шешир од квалификациите, а тоа з апротивник ни донесе две репрезентации. Првата беше Романија за која бевме фаворит, а втората е Чешка која е фаворит во однос на Македонија.
Вечерва ќе има тренинг (обновена информација), македонските репрезентативци ќе се тестирираат за Ковид 19, а нема да бидат ниту во комплетен состав.
Филип Миркуловски утре игра меч со Магдебург, а Филип Кузмановски исто така утре игра натпревар во Бундес лигата со Берлин. Двајцата ќе пристигнат вечерта по натпреварите.
Последен ќе дојде Никола Митревски од Порто. Се очекува во Скопје да пристигне во ноќта недела кон понеделник. Првиот тренинг во комплетен состав Македонија ќе го има во понеделник.
Кирил Лазаров треба да направи уште една финална селекција за пат во Чешка. По трет пат во последните осум години Македонија ќе гостува во Злин. Добро познато место, хотел, сала и амбиент. Тој натпревар ќе се игра во среда со почеток од 20:15 часот, а веднаш потоа репрезентацијата се враќа во Скопје. Реваншот на кој ќе биде верификуван патникот за СП ќе се игра во недела, 17 април во „Борис Трајковски“.
Судиите на првиот натпревар се од Турција, реваншот ќе го суди судиски пар од Португалија.