Чехот Кашпарек ќе оди во Букурешт?

Чешкиот репрезентативец Станислав Кашпарек и белорускиот пивот Влалеслав Бохан ќе бидат нови играчи на Динамо Букурешт, вели порталот Хендбал планет повикувајќи се на свои извори. 



Леворакиот бек од Чешка, Станислав Кашпарек со кого ќе си имаме работа на репрезентативно ниво следната недела е на пат да го смени својот досегашен клуб Мешков Брест со романската екипа Динамо Букурешт. 
По ист пат ќе тргне и белорускиот пивот Вјачеслав Бохан кој, пак, сезоната ја играше во украинската екипа Мотор Запорожје. 

Динамо Букурешт со ангажманот на Чави Пасквал за тренер и неколку познати играчи како Сориндо, Дизингер итн. почна да гради тим што во следните сезони би требало да се игра се поважна улога во Лигата на шампионите, додека во домашниот шампионат е доминантен над најголемите ривали. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk