Почина Денис Тот, ракометарот на Бутел Скопје

Денис Тот ракометарот на РК Бутел, денеска почина на скопската клиника.



Ракометарот Денис Тот (27) кој вчера утро бил примен на скопската клиника во тешка состојба, денеска почина. Хрватскиот бек кој во Македонија играше за екипите на Охрид и од оваа сезона во Бутел според првите неофицијални информации наводно бил претепан во ноќен клуб во Скопје и имал тешки телесни повреди. Но, тие се покажаа како неточни, а во текот на денот стигнаа поинакви, официјални информации. 


Министерството за внатрешни работи, ја информира јавноста дека на ден (07.04.2022) во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја известиме јавноста“, се вели во соопштението на МВР


Причините за смртта на 27 годишниот хрватски ракометар не се објавени, но фактите сега говорат дека немало никаква физичка пресметка во ноќниот клуб. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk