Денис Тот, заврши во болница

Хрватскиот ракометар Денис Тот (27), играч на скопски Бутел наводно е претепан во ноќен клуб во Скопје во ноќта меѓу средата и четвртокот. Хрватот е пренесен во болница.



Денис Тот е во болница во тешка состојба и наводно со повреди настанати од удари со тврди предмети. Полицијата се уште нема официјално соопштение. 
Неговите родители се во Скопје, а единствната потврдена изјава засега е од неговиот брат Борис Тот кој е ракометен голман во Холандија. 
„Родителите се на пат кон Скопје, немаме премногу детали за тоа што се случило“, ијзави за Вечерњи, Борис Тот. 

ОБНОВЕНО:
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вчера (07.04.2022) во 04:11 часот од Клинички центар во СВР Скопје е пријавено дека кај нив во бесознание, без видливи траги на насилство е донесен Д.Т. и веднаш му е пружена лекарска помош. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја известиме јавноста.

 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk