Флензбург без два бека против Сегед

Флензубрг го совлада Сегед (25-21) на првиот меч од Плеј оф, но вечерва ќе има тешка задача да ја одбрани таа предност во Унгарија.



Десниот бек Франџ Цемпер и левиот бек Арон Менсинг денеска нема да бидат дел од екипата на Флензбург која ќе се обиде да обрани четири гола разлика на гостувањето кај ПИК Сегед. 
Цемпер ќе мора на операција на коленото и за него оваа сезона веројатно е завршена, додека данскиот ол-раундер Арон Менсинг заработил удар и има проблем со мускулот на ногата, па нема да игра на оваа средба. 

Овие две отсуства ќе ја минимизираат ротацијата во германскиот состав, а дали тоа ќе знае да го казни унгарскиот тим во кој и покрај сите напори да се оспособи го нема Бенце Банхиди ќе видиме вечерва, Натпреварот почнува во 18:45, а два часа подоцна во Париз се среќаваат ПСЖ и Елверум. Првиот меч заврши нерешено. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk