Дисциплинската комисија на РФМ му изрече суспензија од еден натпревар на францускиот ракометар Жереми Тото од Вардар 1961.
Дисциплинската комисија на РФМ му изрече суспензија од еден меч на Жереми Тото затоа што по завршувањето на натпреварот со Еурофарм Пелистер 2 во последното одиграно коло во Битола, ги навредил (вербално) судиите.
По пријавата, Дисциплинската комисија му одреди казна од едне меч, со што Французинот може да каже и дека минал добро, затоа што казнениот член од Дисциплинскиот правилник предвидува суспензија и до 10 натпревари.
Жереми Тото нема да може да настапо на мечот со Бутел Скопје, но ќе може да игра на најважниот натпревар, дуелот со Еурофарм Пелистер во Битола што е на распоредот веднаш по дуелот со Бутел.