Данската ТВ2, медиумска куќа што има квалитетни извори посебно кога е во прашање нивниот домашен ракомет, објави дека Расмус Лауге уште една сезона ќе игра во Веспрем и потоа се враќа назад во Данска.
Алборг ќе има силна домашна конкуренција. Покрај ГОГ Гудме кој веќе се екипите за дуелите со Алборг во иднина и екипата на Бјерингбро Силкеборг која не толку одамна беше во комплицирана ситуација, создава тим што ќе биде конкурентен на дрим тимот што се создава во нивниот шампионат.
Расмус Лауге, централниот бек на репрезентацијата и во моментов ракометар на Веспрем според данската ТВ2, во 2023 година се враќа во Данска и ќе игра за екипата на Бјерингбро.
Неофицијално, Алборг исто така сакал да го доведе во своите редови со „монструозна“ понуда, но Лауге го одбран Бјерингбро.