Вардар без шанса, но чесно се збогува со ЛШ

И Вардар стигна до својата последна станица во Европа сезонава. Понатаму патува Веспрем. 



ВЕСПРЕМ - ВАРДАР 31-31 (18-13)
Вардар: Томовски (7 одб), Гогов (8 одб), К. Њокас 5, Моралес 5, Талески 4, Тото 4, Стоилов 2, О. Њокас 2, Чувара 2, Додиќ 2, Ѓукиќ 2, Дибиров 1

Вардар е елиминиран од Лигата на шампионите, вечерва во Веспрем. Унгарскиот тим ја материјализираше предноста од Скопје (30-22). Денеска во реванш натпреварот Веспрем и  Вардар одиграа нерешено 31-31, што секако не беше дел од планираното сценарио на домашниот тим и по волја на публиката. 

Уште на почетокот на мечот Веспрем презема контрола, поведе со 3-4 гола разлика и тука се израмнија силите на теренот. 
Без многу жештина на теренот се редеа акциите на двете страни, Вардар рамноправен - Веспрем задоволн од развојот на настаните и на полувреме беше 18-13 за домашните. 

И во вториот дел Унгарците имаа контрола и водство, а Вардар враќањето на семафорот го почна благодарение на одличната партија на младиот голман Васил Гогов. Собра осум одбрани Гогов, почна да постигнува лесни голови Вардар и додека да се освестат домашните Вардар успеа ос 23-27 да стигне до 29-29. 
Потоа се играше гол за гол, а последен без успех нападна Веспрем. 

Ако остане на најавеното, вечерва го гледавме за последен пат на европски натпревар во дресот на Вардар легендарниот Тимур Дибиров. 
Постигна еден гол, првиот за Вардар на средбата и остана на тоа остварување. 



 

Поврзани вести