Аморим се раздели со Ростов

Еударда Аморим Талеска е ракометарка што како анонимно девојче стигна од бразилскиот Сао Каетано во Скопје пред 16 години. Во Македонија дојде по препорака на нејзината сестра Ана Каролина која од јуниорскиот дрес на Бразил веќе се имаше преселено во Кометал Ѓ. П. 
Двете сестра во Македонија почнаа да градат убави кариери, а патем и основаа семејства па сега и двете се македонски снаи. 



Едуарда Аморим во кариерата собра повеќе од 40 победнички пехари на официјални натпреварувања. Пет пати ја освојуваше Лигата на шампионите, еднаш беше и светски првак со Бразил на мундијал на кој беше прогласена за МВП. 
Индивидуално меѓу бројните признанија и ол стар номинации - беше играч на годината според ИХФ во 2014, а според ЕХФ во 2019.

Еударда Аморим и Ростов Дон денеска ја официјализираа разделбата. Бразилската ракометарка планираше крај на кариерата во јуни, но ова не е крај каков што замислуваше. Рускиот клуб беше трпелив и даде опција да остане или да најде клуб. 
Во игра беше Кристијансанд, беше ЧСМ Букурешт, но засега нема трансфер. 
Сега од позиција на слободен играч можеби полесно ќе најде клуб во кој ќе ја заврши кариерата. Целта е клуб што се уште игра во Лигата на шампионите, дали некој ќе профитира или нема... 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk