Каков ќе биде патот на македонската сениорска репрезентација во првите квалификации во кои на терен нема да можеме да сметаме на Лазаров, Миркуловски...
Првиот квалификациски циклус на новата репрезентација на Македонија ќе почне во октовмри, а противниците со кои ќе се сретнеме во битката за пласман на ЕП 2024 ќе бидат познати утре.
Ждрепката ќе се одржи во Берлин, со почеток од 18:00 часот. Македонија е во вториот шешир и оттука има добар поглед кон ЕП 2024. Русија и Белорусија не се во ждрепката, Украина е сместена исто како и Македонија во вториот шешир.
Осум групи со по четири тима ќе бидат формирани со утрешната ждрепка. Најдобрите две екипи од секоја група ќе се пласираат на ЕП. Најдобрите четири од вкупно осум третопласирани исто така ќе се пласираат на ЕП. Квалификациите почнуваат во октомври.
Избегнати се најлошите противници, а поглед кон шеширите три и четири, одново како најопасен ривал оттаму би ја нашле Романија. Сите други противници се екипи против кои реално треба да се бориме за две победи.
Шешир 1: Норвешка, Франција, Хрватска, Словенија, Унгарија, Португалија, Исланд, Австрија
Шешир 2: Чешка, Полска, Холандија, Црна Гора, Македонија, Србија, Швајцарија, Украина
Шешир 3: Босна и Херцеговина, Литванија, Летонија, Израел, Словачка, Турција, Романија, Грција
Шешир 4: Косово, Белгија, Естонија, Фарски Острови, Финска, Италија, Грузија, Луксембург
Германија, Шпанија, Данска и Шведска се директно пласирани на следното ЕП.