Е. Пелистер со минус три го чека реваншот

НЕКСЕ - Е. ПЕЛИСТЕР  29-26 (12-10)
Стрелци за Пелистер: Граџан 6, Табоада 5, Костески 4, Ојлески 4, Мандалиниќ 2, Маркоски 2, Обрадовиќ 2, Мараш 1




Тест на издржливост на нерви и пропуштени шанси беше денешната пресметка меѓу Нексе и Еурофарм Пелистер. 

Не почна добро средбата за битолскиот тим. Маџовски уште во воведните минути заработи директен црвен-картон, а Нексе се размавна, растрча и поведе 4-1, 5-2. Но, не ги загуби нервите битолскиот тим, полека го наметна својот ритам, го смири противникот и минута по минута почна да се враќа во игра.

Мартон Секели одигра многу важна улога во првиот дел, имаше 12 одбрани, но голема работа вршеа и момците пред него во дефанзивната зона. Во нападот во отсуство на Периќ, одлична работа вршеа Граџан и Табоада, а битолчани се вратија во игра и имаа напад за минус еден во финишот на полувремето. 

Жељко Бабиќ искористи два тајм аути со желба да спречи минус два на полувреме, но не му појде од рака, последниот напад заврши без гол. 
Бабиќ сакаѓе минус еден затоа што првиот напад во вториот дел беше за домашните и тие поведоа со 13-10. Од тој момент мечот почна да се „крши“. 
Нексе имаше напад за плус пет, но Маркоски украде и погоди на празен гол. 
Во неколку наврати битолчани имаа можност да стигнат на минус еден, но и Нексе имаше шанса да отиде на плус четири. Околу два и три гола се движеше разликата, а двата тима беа на чекор да остварат добар резултат, 

Е. Пелистер ги промаши сите три пенали досудени за нив и тоа можеби беше пресудното што на крајот, резултатот ни таму ни ваму - плус три за Нексе. 
Домашните секако се позадоволни од овој исход, иако во Битола три гола не се никаква гаранција. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk