Кадетскиот шампионат е во финалната фаза. Останува да се одигра уште „Ф4“ турнирот, а тој е закажан во недела. Денска е одлучено, домаќин да биде екипата на Охрид.
Охрид ќе биде домаќин на три скопски екипи на Ф4 турнирот во машка кадетска конкуренција што ќе се одржи во недела.
По завршувањето на елиминациското 1/4 финале, во последната фаза од натпреварувањето се пласираа екипите на Охрид, Бутел Скопје, Алкалоид и Тинекс Пролет 62. Овој квартет во еден ден ќе одигра по два меча по што ќе го добиеме новиот првак.
НЕДЕЛА
11:00 Охрид - Бутел Скопје
13:00 Алкалоид - Пролет 62
17:30 Меч за трето место
20:00 Финале