Е. Пелистер без Периќ по историја во Нашице

Вечерва во Нашице, екипата на Еурофарм Пелистер ќе се обиде да трасира пат што ќе остане запишан во историјата на клубот. 



Чекор по чекор, Е. Пелистер се врати на ракометната карта, а годинава е на прагот да ги надмине очекувањата и да испише странци што ќе се читаат како светла страна на историјата на клубот. 

Настрана што имаат меч топка на домашен терен за шампионска титула во Македонија, битолчани имаат шанса да стигнат до 1/4 финале на Европската лига, а зошто не и на Фајнал фор. 

Битката за европска радост почнува вечерва во Нашице, во 18:45 часот. Противник е Нексе. Жељко Бабиќ, одново ќе мора принудно да комбинира затоа што првиот плејмејкер Јосип Периќ не е ниту денеска во строј. Познато, сезоната е завршена и за Мартин Велковски. 

Пред да се склопат коцките, односно паровите во оваа елимнациска фаза, велевме, а и сега сме на истиот став дека Нексе е полош противник отколку што би бил Савехоф на пример, тим што беше опција 2. Од причина што сметаме дека повеќе на Е. Пелистер би му одговарало скандинавски тим отколку тим сличен на себе, што ги знае играчите, стилот на игра, игра слична добра одбрана... Тим што беше доволно силен да ги победи Вардар и Загреб. Очекуваме две тешки битки, но се надеваме дека ритамот на битолчани по победата во Скопје е подобар од тој на Нексе по победата над Загреб.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk