Алкалоид „гази“, Голден Арт со три бода од Богданци

ВАРДАР (Н) - АЛКАЛОИД   21-27 (11-16)
Кузманов 5, Ташев 4 - Серафимов 4, Стојковиќ 4, Димовски 4, Илиески 4

РАБОТНИЧКИ - АЕРОДРОМ   23-27 (13-15)
Димевски 9, Ефтимов 5 - Митревски 7, Николовски 4, Дукоски 4, Олтовски 4, Пајкоски 4

МЛАДОСТ 1977 - ГОЛДЕН АРТ 24-29 (13-13)



Екипите од групата „Б“ ги добија трите денешни меча и тоа како гости против екипите од Групата „А“ во првото коло од Плеј оф првенството во Прва лига. Денот го отвори Аеродром со победа над екипата на Работнички, а потоа следеа двата дерби меча меѓу водечките екипи. 

Полна сала го дочека Алкалоид во Неготино, дуел меѓу првиот и вториот тим на табелата. Само петнаесетина минути „уживаше“ домашната публика во израмнетата игра. По 7-7, Алкалоид зголеми на 9-7, беше 11-9, а потоа со серија од 5-0 стигна до 16-9 пред крајот на полувремето. Во вториот дел, домашните за петнаесетина минути постигнаа само два гола, па разликата стана  двоцифрена во неколку наврати (24-14, 25-15, 27-17), а домашните во финишот ја намаллија разликата на поподносливи минус 6. 

И во Богданци полна сала го дочека Голден Арт од Скопје. Беше многу понеизвесно отколку во Неготино. Гостинскиот состав главно го контролираше резултатот односно го диктираше темпото, но Младост беше постојано резултатски блиску. 
Клучниот период беше околу 50 минута на натпреварот кга гостите разликата од еден ја качија на плус три (24-21). Последните напори на богданчани да намалат не дадоа резултат. На минута и пол до крајот беше 28-23 за скопскиот состав и се беше решено.

Алкалоид сега ја зголеми разликата и се зацврсти на првото место. Има освоено 25 бода, на второто место се исчаки Голден Арт кој има 19, а третото место го делат Вардар Неготино и Младост Богданци со по 18 бода. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk