ВАРДАР 1961 - ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 23-24 (11-12)
Дибиров 6, Моралес 5 - Табоада 6, Мандалиниќ 5
Со години наназад беше речиси незамисливо, но сега е реалност. Македонија би можела да добие нов ракометен шампион.
Еурофарм Пелистер денеска славеше во Скопје над Вардар и сега има два бода предност пред Вардар, а нивната следна и решавачка средба ќе се игра во Битола.
Жесток меч се играше вечерва во Скопје, по што нови херои има во Битола. Марко Кизиќ, репрезентативниот голман беше веројатно клучниот играч, иако бранеше само едно полувреме. Марио Танкоски по подолго време го видовме со поважна улога, а и си ја оправда довербата.
На спротивната страна Карапалески, Мартин Томовски и Талески... но, имаше и доста недостатоци во црвено-црниот тим за да можеме поединечно да ги класифицираме.
Цврсти одбрани, доста грешки што ги изнудија и малку голови беше одликата на првиот дел. Се менуваа двата тима во водство, но немаше некој позначаен исчекор.
Патем имаше и еден временски флеш-бек и помали инциденти на трибините, но тие се за внимание на Дисциплинската комисија, а не за медиумско внимание.
Дејвис ротираше, но не задржа идеална постава на теренот. Жељко Бабиќ во отсуство на првиот центар, Јосип Периќ и беше лимитран во ротацијата, но за волја на вистината и битолскиот тим подолго време се гради и е воигран за некоја нијанса подобро.
Битолчани го добија првиот дел со гол разлика, а во вториот, работите тргнаа наопаку за Вардар. Поведоа плус два гостите, а што развојат на настаните не беше брз е заслуга на Мартин Томовски кој неколкупати спесуваше повисока негатива.
Но, на спротивната страна Марко Кизиќ бранеше одлично, па во еден момент на помалку од десет минути до крајот, Вардар беше во негатива од четири гола (20-24).
Табоада, еден од најдобрите ракометари на Пелистер ги врати во живот скопските ракометари кога загуби топка во додавање, а потоа заработи исклучување затоа што не ја пушти веднаш топката.
Одеднаш Вардар одново беше во игра, намали на минус еден, но клучниот шут на Додиќ што можеше да донесе шанса за реми го одбрани Кизиќ.
Сега Еурофарм Пелистер има два бода предност во однос на Вардар и следното одмерување на силите ќе биде во Битола.
foto: Denis Dukovski-rkvardar.mk