Вардар - Пелистер: Чекор до титула или чекор кон титула?

Денеска во „Јане Сандански“ со почеток од 17:00 часот ќе играат Вардар и Пелистер. Дали ќе го добиеме нов првак? Теоретски не, во пракса, мошне веројатно. Вардар во Плеј оф пренесе бод повеќе од битолчани и има пол позиција во трката за пехарот.



„Овој натпревар нема да го реши првенството, има уште многу да се игра“, беа единствени околу содржината на оваа реченица сите учесници на прес конференцијата што ја одржа Вардар во пресрет на дуелот со Еурофарм Пелистер што ќе се игра попладнево во „Јане Сандански“ во Скопје. 

Теоретски се во право, но доколку Вардар денеска победи, ќе биде чекор до титула и само формалност ќе го дели од одбраната на пехарот. Впрочем, колкави се шансите „црвено-црните“ двапати да кикснат на натпревар од домашно првенство на меч со екипа што не се вика Еурофарм Пелистер. Во  ред, еднаш загубија од нивниот втор тим, но дека тоа ќе се повтри уште еднаш, а патем да загубат и од првиот битолски тим и така да прокоцкаат четири бода предност е нешто на што не би се обложиле. 
Вардар денеска и со победа нема да ја освои титулата, но ќе биде чекор до неа. 

За Еурофарм Пелистер по малерозното реми во Битола, реалноста е поинаква. Битолчани денеска мораат да победат во Скопје, за потоа на свој терен да можат да бркаат титула. Тоа е покомплицирано сценарио во односни на нивниот противник, но тоа е и единствената нивна опција во трката за шампионскиот пехар. Победи ли Е. Пелистер, ќе биде на чекор кон титулата. 

Што може да чекаме денеска? На овие натпревари понекогаш не се знае како може да се одвива мечот. Овој дуел би требало да е таков, барем според тоа што досега го одиграа во првенството и на европската сцена двата тима. 
Вардар го има домашниот терен и тоа му носи улога на фаворит. Двата тима играат „all in“ имајќи ја предвид опишаната важност на натпреварот. 
Правилото за странци не дозволува двата тима да имаат повеќе од седум такви играчи и тоа ја намалува моќта, особено на Вардар во кој речиси 3/4 од екипата е странски погон. 

Влезот е слободен, најавено е присуство на навивачи, се надеваме дека се ќе биде во рамки на коректен и фер меч. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk