Македонската репрезентација на 13 април во Злин ќе го одигра првиот меч од Бараж 2 за пласман на СП Полска и Шведска. Домаќините ги пуштија во продажба билетите, а дел од нив веќе се во рацете на македонски навивачи.
Македонска Фаланга - Виена, една од најверните и најредовните навивачки групи на гостувањата на македонската репрезентација ќе патува во Злин и ќе биде поддршка на македонскиот тим.
Групата денеска објави дека набавиле билети за натпреварот и дека ќе има организирано патување од Виена за Злин. Колку ќе бидат на број не се знае, но најмалку 50-тина фанови сигурно ќе има со црвен-жолти знамиња.