Полскиот ракометар Павел Пачковски кој играше како позајмен играч во Мешков Брест се врати назад во екипата на Келце и е пријавен за настап во Лигата на шампионите, иако и за Мешков има настапувано годинава во ЛШ!
Павел Пачковски замина од Мешков Брест, се врати во Келце и е пријавен за настап во Лигата на шампионите објави денеска Келце. Павел Пачковски има играно годинава за Мешков Брест во ЛШ, а тоа би требало да значи дека не само тој туку и сите други играчи од Белорусија, Русија и Украина што ќе заминат, имаат право за настап во европските натпреварувања.
Меѓу нив се Сташ Скубе, Лука Шебетиќ, Никита Вајлупов...да не ги споменуваме сите руски и украински играчи што на овој начин би добиле право за настап.
Тоа може значително да ја смени силата на екипите во елиминациите во Лигата на шампините и Европската лига...
Сега се на ред екипите, да понудат што имаат да понудат во пресрет на првите елиминациски битки. Време - нема.