Македонија е во вториот шешир за жрепката за ЕП 2024. Избеганти се налошите, широк е патот кон Германија.
Русија и Белорусија не се во ждрепката за квалификациите за ЕП 2024, Грузија и Луксембург се место нив и влегуваат како екипи во последниот шешир. Тоа направи поместување во ранкингот. Македонија е во вториот шешир а таму е и Украина за која не знаеме дали ќе се натпреварува и уште шест силни репрезентации со кои нема да си имаме работа.
Избегнати се најлошите противници, а поглед кон шеширите три и четири, одново како најопасен ривал оттаму би ја нашле Романија. Сите други противници се екипи против кои реално треба да се бориме за две победи и затоа сметаме дека патот кон ЕП ни е широко отворен.
Шешир 1: Норвешка, Франција, Хрватска, Словенија, Унгарија, Португалија, Исланд, Австрија
Шешир 2: Чешка, Полска, Холандија, Црна Гора,
Македонија, Србија, Швајцарија, Украина
Шешир 3: Босна и Херцеговина, Литванија, Летонија, Израел, Словачка, Турција, Романија, Грција
Шешир 4: Косово, Белгија, Естонија, Фарски Острови, Финска, Италија, Грузија, Луксембург
Осум групи со по четири тима ќе бидат формирани со ждрепка што ќе се одржи на 31 март во Берлин. Најдобрите две екипи од секоја група ќе се пласираат на ЕП. Најдобрите четири од вкупно осум третопласирани исто така ќе се пласираат на ЕП. Квалификациите почнуваат во октомври.
Германија, Шпанија, Данска и Шведска се директно пласирани на следното ЕП.