Македонија и Чешка закажаа нов дуел. Во осум години имаме играно три баражи со нив и трипати се среќаваме на СП-ЕП. Не тоа толку до среќата во ждрепката, туку до вештачкиот круг на екипи што се создаде откако со години наназад ЕХФ и ИХФ ги темпираат сите елиминациски и натпреварувачки системи на тој начин што се издвојуваат пар ешалони во кои членуваат исти екипи.
Македонија и Чешка си закажаа нов двобој за пласман на СП. Првиот меч ќе се игра во Злин на 13 април, вториот во Скопје на 17 април. Чесите не се многу среќни што ќе играат со Македонија.
„Македонија ни е познат противник, многупати имаме играно со нив. Ќе мораме на домашен терен да победиме со голема разлика затоа што знаеме како е на Балканот кога 8.000 нивни фанови ќе дојдат на натпревар. Не барам алиби, нашата цел е да се пласираме на СП, но ќе мора работата да ја завршиме во Злин“, изјави Станислав Кашпарек, десниот бек на Мешков Брест, ракометар кој нема да има клупски настапи до крајот на сезоната со оглед на тоа дека белорускиот клуб е исклучен од натпреварувањата во Европа, а Кашпарек се врати назад во Чешка.