Кој против кого во Бараж 2 за СП

Санкциите што ги воведоа ИХФ и ЕХФ кон Русија и Белорусија и изостанувањето на Украина, три земји што го држеа во игра ракометот на истокот на Европа ќе ја сменат и ракометната карта, а квалитетот неминовно ќе падне и тоа многу. 
Така на пример, на Светското првенство во Полска и Шведска, ќе видиме нешто што којзнае дали некогаш ќе го видевме - Белгија на ракометен мундијал. Најголем губитник е Словачка која ни демонстрираше во каков распад е ракометот во нивната држава.



Другите две држави што „профитираа“ од ситуацијата, на крајот на денот, нема многу да се офајдат. Финска која требаше да игра со Украина се пласираше директно во Бараж 2, но таму ги чека Хрватска.
Фарските Острови, пак, нема да играат со Белорусија, но во вториот бараж ќе мораат да играат со Германија.  

Настрана дуелот меѓу Чешка и Македонија, во Бараж 2 има барем уште два меча на кои нема да се знае кој ќе промине, а кој ќе биде елиминиран. Подвлечено, три репрезентации што играа на ЕП 2022 поради лошиот систем по кој се игра ЕП нема да бидат дел од СП. 
Португалија - Холандија и Словенија - Србија се два дуела што секако ќе ја одбележат средината на април за кога се закажни Бара 2 дуелите. Кој и да биде елиминиран ќе биде минус од квалитетот на муднијалот. Нешто слично би можеле да кажеме и за средбата Исланд - Австрија, каде што островјаните се изразити фаворити. 


СП ШВЕДСКА И ПОЛСКА - БАРАЖ 2

ЧЕШКА - МАКЕДОНИЈА
Македонија ја елиминираше Романија (22-24 и 30-22)
СЛОВЕНИЈА - СРБИЈА
Словенија ја елиминираше Италија со две победи (27-21 и 29-28)
ПОРТУГАЛИЈА - ХОЛАНДИЈА
Португалија ја елиминираше Швајцарија (33-26 и 33-28)
ГРЦИЈА - ЦРНА ГОРА
Грција ја елиминираше БиХ (28-26 и 24-17)
ИЗРАЕЛ - УНГАРИЈА
Израел ја елиминираше Литванија (27-25 и 28-24)
ИСЛАНД - АВСТРИЈА
Австрија ја елиминираше Естонија (27-24, 35-33 )
ФИНСКА - ХРВАТСКА
Финска службено ги доби двата натпревара со Украина
ГЕРМАНИЈА - Ф. ОСТРОВИ
Фарски Острови службено ги добија дуелите со Белорусија
БЕЛГИЈА 
Белгија ја елиминираше Словачка (31-26 и 26-28). Белгија службено ги доби дуелите со Русија и се пласираше на СП

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk