Македонија оди во втор бараж!



РОМАНИЈА – МАКЕДОНИЈА 24-22 (12-12)
Митревски (2 одб), Томовски ( 9 одб), Ц. Кузманоски, Ојлески 2, Ф. Кузмановски 3, Талески 2, Атанасијевиќ 2, Миркуловски 2, Лазаров 6, Јагуриноски, Георгиевски 2, Костески, Стоилов 1, Пешевски 2, Маркоски, Младеновиќ



Македонија го завери пласманот во вториот бараж за пласман на СП. Вечерва во Букурешт, Македонија ја одбрани предноста од осум гола што ја заработи во Скопје и во април ќе се соочи со Чешка.
Романците се обидоа со десетина тапани, бука, 5-1 одбрана, 7 на 6 напад... се што можеше Пасквал да направи – направи, но Македонија е искусен тим.

Знаејќи го значењето на воведните минути на вакви средби, Лазаров беше во игра од првиот напад, а и Ојлески на левата крилна позиција. Пасквал веднаш се обиде со 7 на 6, откако Македонија поведе 2-1.
Атанасијевиќ го запиша својот првенец за водство од 3-2 и вториот гол за 5-2 во 10 минута од мечот.

Македонија играше бавно, грешки имаше на двете страни, но го контролираше мечот. По критичните 15 минути беше 6-5 за нашиот тим, а Лазаров реши дека е време да почне да го троши и Миркуловски. Натпреварот нема да победи во ниту една категорија за убав меч, но важното за Македонија беше што постојано водевме, во 23 минута, со 9-7.
Романците се доближија и израмнија на 10-10 во 28 минута од мечот, но не успеа да поведе до крајот на полувремето. На одмор се замина со резултат 12-12.
Романија за прв пат во вториот дел поведе со 15-14 по една серија на лоши напади на македонскиот тим.
 
Продолжи Романија да води, а нас од непријатности не спаси Мартин Томовски. Сепак, времето работеше за нас па на 15 минути до крајот бевме само гол негатива (16-17).
Прв непријатност на натпреварт почувствувавме во 16 минута кога Романија поведе со 19-16, а ние останавм без Миркуловски на две минути.

На точно десет минути до крајот, Лазаров погоди за 18-20, потоа Томовски одбрани, а Ојлески намали на 19-20 и тука беше крајот на надежите на Романците. До крајот екипите се бореа за победа, но патникот за вториот бараж беше решен.
 
Првиот натпревар од вториот бараж, Македонија ќе го игра на гостински терен, на 13 април во Злин, Чешка, а реваншот е најверојатно на 17 април во Скопје.
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk