Македонија со плус три на полувреме

Македонската репрезентација го почна квалификацискиот пат кон Шведска и Полска со дуелот со Романија.
Миркуловски, Лазаров и новиот капитен Стоилов од клупата го почнаа натпреварот. Затоа, пак, Талески со гол ја отвори средбата, па следеше одбрана на Митревски и два гола поред на Кузмановски за водство од 3-0 по само две и пол минути игра.
Втората одбрана Митревски и третиот гол на Талески ни донесоа водство од 5-1 по шест минути игра. И Романците по ова погодија, па разликата од четири гола се „одомаќини“ на семафорот, а тоа не беше по волја на романскиот селектор Чави Пасквал и тој веќе во седмата минута побара тајм аут, при резултат 6-2.
Средбата продолжи во ритамот гол за гола, па во десеттата минута беше 7-4, при што промашивме пенал и Романците намалија на 5-7, потоа и на 6-7 по што Лазаров побара тајм аут и потоа влезе и во игра.




И натаму  се играше гол за гол, со тоа што разликата беше гол-два за Македонија, а Талески и Кузмановски решетаа кон голот на Романците и постигнаа девет од вкупно десетте гола за Македонија до 15 минута (10-9).
Првото израмнување стигна во 17 минута (10-10), а потоа од пенал Лазаров не врати во водство, а веднаш потоа со вториот гол од игра зголемивме на 12-10.
Во 20 минута во игра влезе и Миркуловски и во првиот напад изнуди пенал и исклучување што Лазаров го претвори во водство од 13-11, а Ојлески зголеми на 14-11.
Томовски одбрани пенал и ни даде шанса да вратиме плус четири и во 26 минута, одново имавме убав резултат 15-11.

На полувреме резултатот е 16-13., но и црвен картон запиша Ракотеа затоа што од слободен удар шутираше директно во лицето на Кузмановски. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk