Партизан остана без тренер и пола играчи

Сезонава требаше да биде отскочна за Партизан, со оглед на новиот пристап на нивниот сојуз и зголемениот фонд за финансисирање во ракометот во Србија.



Црно- белите ја почнаа сезоната со учество во СЕХА, искусен состав и проверен тренер, беа лидери во шампионатот без пораз, а по шест месеци се и без тренер и без пола тим, елиминирани во Купот во 1/4 финалето и во хаотична состојба. 

Раднички Крагуевац го елиминираше Партизан во 1/4 финалето на Купот, претходно запишаа и пораз од Војводина, а екипата ја напушти некогашниот играч на Вардар и Металург, Александар Стојановиќ. 

Денеска од клубот заминаа тренерот Ненад Максиќ, неговиот син Алекса Максиќ и Никола Ивановиќ. Се очекува да замине и Урош Митровиќ и Партизан ќе биде преполовен во битката за како што стојат работите второто место, заедно со Металопластика, Раднички и Динамо Панчево. 
Војводина е на добар пат да ја продолжи доминацијата во српскиот шампионат. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk