На неколку дена до првиот бараж натпревар за ЕП, репрезентацијата на БиХ остана без селектор. Ивица Обрван си поднесе оставка.
БиХ во првиот бараж е среќава со Црна Гора, но кој ќе биде на кормилото на нивниот тим по пет дена не е познато. Ивица Обрван, некогашниот селектор на Македонија, а во моментов на двојна функција како тренер на ППД Загреб и селектор на БиХ се повлекува од националниот тим на БиХ.
Неофицијално, неисполнети обврски на РСБиХ за досегашната соработка се причините поради кои Обрван од три годишниот договор ќе одработи само една.
Во вакви случаи, за волја на вистината, често знае да има и пресврт во последен момент, а засега нема став од врвот на ракометните структури на федерацијата на БиХ.