Португалец го засилува Е. Пелистер

Еурофарм Пелистер објави ново засилување. Португалски бек со богато резиме доаѓа во Битола. 




Португалскиот бек Вилсон Дејвис, ракометар со богато искуство е новото засилување за екипата на Еурофарм Пелистер. 
По Лејсак, Хосни и Сери, ова е четвртиот нов играч за битолчани за следната сезона. И според правилото за странци што ќе важи за наредната година ќе имаат право да ангажираат уште двајца странци. 
Тоа се однесува до домашниот шампионат, во Европа, нема такво ограничување. 

Вилсон е централен бек што доаѓа од екипата на Иври, а претходно има настапувано за Порто, Нант, Сесон Рен и Данкерк. Вилсон има и стотина настапи за репрезентацијата на Португалија. Висок е 192 сантиметри. Договорот е за две сезони. 

 

Поврзани вести