Раде Стојановиќ заминува од Охрид

Раде Стојановиќ е познато македонско ракометно име. Поранешен репрезентативец, ракометар што е се уште рекордер по бројот на реализирани трансфери во Европа. 
Тренерска кариера почна во „Автокоманда“, а поголем тренерски предизвик му беше суперлигашот Охрид. 




Раде Стојановиќ може да биде задоволен со работата што во минативе три години ја одработе во Охрид, а тоа важи и за обратниот правец. 
Годинава, се пласираа во Плеј оф, ќе се борат за излез во Европа, а кога завесата во јуни ќе биде спуштена, Раде Стојановиќ ќе замине од клубот... најверојатно. 

„Во разговор со новото раководство, беше истакнато дека јас мојот план го изработив во овие три години и за догодина најверојатно ќе дојде некој нов на мое место. Благодарен сум му на ГРК Охрид за овие три години. мислам и сигурен сум дека тоа што беше побарано од мене беше реализирано во секој поглед. На Охрид му треба да го задржи овој квалитет, костурот да биде од македонски играчи, а да се надополнува со квалитетни странски играчи кои можат да направат разлика. – изјави Стојановиќ за Спорт+.



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk