Вечерва се игра дерби во Прва лига

Вечерва во „Јане Сандански“ во Скопје ќе се игра првенственото дерби меѓу екипите на Голден Арт и Алкалоид. Иако и двата тима се многу блиску до пласман во Супер лигата, но ривалитетот меѓу нив е голем. 



Играат во Прва лига, но стандардите што го поставуваат во поглед на организација и пристап се повисоки и од добар дел од суперлигашките екипи. Тоа што првото дерби го играа во „Борис Трајковски“, а второто ќе се игра во „Јане Сандански“ е само мала потврда дека барем овие две екипи не се зад актуелните суперлигаши и на се натпреваруваат само на терен. 

РК Алакоид е во моментов сопствени на најдолгата низа на натпревари без пораз во машкиот ракомет сезонава, а таа изнесува 16 натпревари. Заедно со ЖРК Куманово се единствените два клуба без пораз. Единствениот меч, пак, на кој Алкалоид не освои три бода е токму дуелот со Голден Арт кој со неверојатен пресврт во последните две минути стигна до бод во „Борис Трајковски“. 

Оттогаш се променија неколку работи. Голден Арт имаше играчки протимени и доведе неколку поискусни играчи и со тоа ја презема и улогата на фаворит на денешниот меч. Во Алакалоид и натаму највозрасниот играч има 21 година, а такви се тројца. Другите се главно на возраст од 18-20 години. Но, најмладиот тим во првенството и по возраст и воопшто по датум на формирање, внимателно селектираше играчи за својот тим и речиси целата екипа е составена од репрезентативци. Тројца во моментов кандидати за дуелите на сениорскиот тим со Романија, а другуиот дел се кадетско-јуниорски репрезентативци. 

Најбитната промена што се случи меѓу двата дерби натпревари е промената на системот на натпреварување за следната сезона. Сите машки клубови освен еден ја потпишаа иницијативата, Управниот одбор ја усвои и системот е веќе променет, со тоа што останува на собранието да биде потврдена информацијата за промена на системот. 
Со ова и со испаѓањето на Металург од натпреварувачкиот систем во Прва лига се отвора простор за пет екипи да ги пополнат со актуелните суперлигаши двете групи за есенскиот дел од шампионатот. Со оглед на бодовното салдо што го имаат досега и споредено со конкурентите од групата „А“ со кои ќе играат во продолжението на првенството и двата вечершани ривали се многу блиску до пласман во Супер лига. 

Од вечерашната средба бодовите ќе се пренесат во Плеј оф шампионатот и затоа таа има големо резултатско значење. Средбата има и хуманитарен карактер и парите од влезниците што чинат 100 денари ќе бидат насочени за опремување со потребни реквизити и топки на неколку самостојни школи за ракомет низ целата држава.

Натпреварот почнува во 19:30 часот, а ќе има и директен тв пренос. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk