ППД Загреб елиминиран од ЛШ

Данскиот шампион Алборг без многу мака, рутински го совлада ППД Загреб и го елиминираше од Лигата на шампионите. 



ППД Загреб требаше да го одигра најдобриот меч во сезоната и да освои барем бод во Алборг за да може да се надева за пласман во Плеј оф на Лигата на шампионите. Не беше ни блиску до таков натпревар, Данците диктираа ритам, темпо, резултат и на крајот победија со 31-25 (16-13) и го елиминираа ППД Загреб. 

Овој меч во две точки се пресекува со Вардар. 

Прво, денешниот меч со Елверум нема веќе резултатско значење ниту за Норвежаните. Вардар како петти, а Елверум на шесттото место ја завршуваат групната фаза. 

Второ, Алборг со оваа победа го освои првото место во групата. Тоа значи дека во 1/4 финалето на Лигата на шампионите, Алборг ќе игра против победникот од дуелот Вардар - Веспрем. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk