Покрај Мартин Велковски, екипата на Е. Пелистер за денешниот меч со АЕК, нема да смета на помошта и од централниот бек Јосип Периќ.
Е. Пелистер денеска игра на се или ништо на дуел со грчкиот тим АЕК Атина во последното коло од Европската лига.
Првото место е загарантирано за Ним, втор е Пелистер кој има 10 бода, зад него се Спортинг и Кадетен со по девет и АЕК кој има осум бода.
Со оглед на тоа дека Спортинг и Кадетен играат на домашен терен и имаат добри шанси за победа, за битолчани нема опција освен да победи вечерва и да си го завери пласманот во елиминациите.
Ако победи, веднаш се знае дека противник ќе му биде Нексе во елиминациската фаза.
Не можат во 2022 да состават комплетен тим битолчани. И денеска двајца играчи се вон терен. Мартин Велковски, за кого сезоната е завршена и Јосип Периќ, за чија повреда е потребно мирување и тој вечерва нема да биде на терен.
Се навикнаа десеткувани за играат во Битола, а нивното отсуство ќе треба да го надополни некоја нова тактичка поставеност до страна на Бабиќ и трибините кои за оваа средба ќе бидат полни. Билетите од пред два дена се распродадени.
На последните натпревари се поизразена и поважна е улогата на младиот голман Марко Кизиќ. Денеска, тој ја најави средбата на која мора да се победи:
„Ова е многу важен натпревар за нас, бидејќи сè ќе се решава во последната рунда од групната фаза. Го анализиравме ривалот, веќе ни е попознат бидејќи одигравме еден натпревар против нив. Се припремавме добро досега, имаме уште два тренинзи до дуелот и мораме да одиме на победа.
АЕК е тактичко добро подготвена екипа, многу се борбени и не се предаваат во ниту еден момент. Имаат голема сплотеност и покажуваат голема борба со многуте искусни играчи. Играат со стил кој ние го анализиравме, не може премногу да се менува од првиот натпревар, како тие, така и ние. Ќе одиме да се надигруваме, па подобриот нека победи.
Напорен период е со многу натпревари. Се обидуваме колку што можеме да се одржиме во најдобра физичка форма. Навистина е тешко и напорно, ама го даваме својот максимум за да бидеме спремни за секој натпревар“, изјави Кизиќ.