Крај на сезоната за Мартин Велковски

Повредата на Мартин Велковски е од посериозен карактер и ќе мора да се решава со оперативен зафат. Еурофарм Пелистер денеска информираше дека сезоната за македонскиот репрезентативец е завршена. 



Селекторот Кирил Лазаров со изоставувањето на Мартин Велковски од поширокиот список за баражите со Романија најви, а Еурофарм Пелистер утрово потврди дека македонскиот репрезентативец долго ќе биде отсутен од теренот. 
Се работи за повреда на колено, најчестата и една од најлошите „ракометни“ повереди - лигаменти на колено. Вообичаено, оваа повреда значи операција и потоа шестмесечен период на рехаблитиација во кој мора многу да се внимава за враќањето да биде без ризик. Олеснително е што овој тип на повреда е не е непознат и добро познати се сите чекори што треба да се направат за брзо заздравување, па ако се води сметка, најчесто играчите немаат последици.

Матео Мараш со поддршка од Мирко Радовиќ вечерва ќе го надополни местото на Велковски во Еурофарм Пелистер на дуелот со АЕК, додека во репрезентацијата Мартин Серафимов, Томи Јагуриноски ќе му прават друштво на Кирил Лазаров на дуелите со Романија и се надеваме понатаму со Чешка. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk